Се работи за проект на архитектонското студио MenoMenoPiu Architects. Во обид да се создадат повеќе капацитети за сместување на туристите па и на самите жители на градот, ова студио ја осмисли изградбата на „EauBERGE“, односно хотел од капсули – низа ситни модули кои имаат улога на хотелски соби во самиот центар на градот.
Предложените структури налик на кабини се поткренати на соодветни платформи и пружаат прекрасен поглед на знаменитостите на градот. Инспирацијата за овој концепт е во малите киосци за продажба на книги сместени долж брегот, како и во просторно ефикасните вакви хотели во Јапонија.
Секоја соба нуди минимум опрема и мебел, а бањата е прикачена како засебна единица. „Порастот на бројот на туристи во Париз во последните години предизвика вистинска паника и доведува до постепена децентразизација. Но, со изградба на вакви капацитети за краткорочно сместување, архитектите се надеваат дека ќе го успорат тој процес на децентрализација“, велат од MenoMenoPiu Architects.