Латвиското архитектонско студио Didzis Jaunzems Arhitektūra конструираше необична концертна сала наречена Nature Concert Hall, чијшто дизајн се базира на аголна конструкција во облик на отворен павилјон за културни настани.
Објектот е лоциран во националниот парк Gauja и може да служи за одвивање на разновидни активности. Целиот павилјон е изработен од челична конструкција обвиткана со парчиња од бело платно, коишто се движат според движењето на ветерот и во кои се рефлектира светлината.