Големите градови во светот, кои во последниве години
добиваат димензии на мегаградови, почнуваат да се
спојуваат и да формираат огромни мегарегиони кои
може да се протегаат стотици километри низ
државите и да бидат дом на повеќе од 100 милиони луѓе.
Ова го покажува последниот извештај на Обединетите
нации, кој деновиве го пренесе британскиот весник
„Гардијан“.
Феноменот на таканаречените „бесконечни
градови“ може да биде еден од најзначајните во развојот на
урбаните населби, но и да претставува проблем за начинот
на кој луѓето живеат и за развојот на економијата во
наредните 50 години, коментираат во ОН-Хабитат, агенција
за човекови населби која го обработи формирањето на
мегарегионите во својот двегодишен извештај за состојбата
на градовите во светот.
Извештајот „State of the World’s Cities 2008/2009 – Harmonious
Cities, UN-Habitat agency“ е поделен во четири целини кои
се обработени за секој континент посебно: просторна
хармонија (Spatial Harmony), социјална хармонија (Social
Harmony), хармонија на опкружување (Environmental
Harmony) и планирање на хармонични градови (Planning for
harmonious Cities). Според него, најголемиот мегарегион е
Хонг Конг – Шенцен – Гуангцоу регионот во Кина, во кој
живеат 120 милиони луѓе. Други мегарегиони се
формираат во Јапонија, Бразил, Индија, западните делови
на Африка и на други места во светот.
Денес, половина од
луѓето на планетата
живеат во
градовите, но до
2050 година повеќе
од 70 отсто од
светското
население ќе живее
во градовите.
Трендот кон
бесконечните
градови
продолжува и може
да предизвика
сериозни
последици врз
светската
популација и
распределбата на
богатството во
наредните 50
години
Бројките говорат дека денес во светот повеќе од половина од
светското население живее во градовите. Од Обединетите
нации велат дека урбанизацијата е незапирлива.
– Денес половина од луѓето на планетата живеат во
градовите, но до 2050 година повеќе од 70 отсто од светското
население ќе живее во градовите – ја пренесува „Гардијан“
изјавата на Ана Тибајука, директор во ОН – Хабитат.
Коавторот на извештајот, Едуардо Лопез Морено, го оценува
овој тренд како позитивен.
– Сега мегарегионите го движат богатството. Истражувањата
покажуваат дека најголемите 40 мегарегиони во светот
покриваат само мал дел од земјината површина која може
да се насели, и се дом на помалку од 18 отсто од светската
популација. Но, во нив се одвива 66 отсто од целокупната
економска активност и околу 85 проценти од технолошките и
научните иновации. Најголемите 25 градови во светот
обединуваат повеќе од половина од светското богатство.
Миграцијата во градовите делува и на селската економија.
Најголемиот дел од парите во руралните делови доаѓа од
луѓе во урбаните средини кои инвестираат во своите родни
места – вели Морено.
Растот на мегарегионите и градовите, исто така води кон
неурамнотежен урбан развој, нови сиромашни предградија
и големи разлики во примањата, а тоа е резултат на
зголемениот број луѓе кои се доселуваат во градовите
сателити.
Популацијата на Лос Анџелес меѓу 1975 и 1990 порасна за 45 отсто, а во истиот период градот тројно ја зголеми својата
површина. Овој тренд сега се случува во земјите во развој, во
кои урбанистите промовираат /висок стил/ на живеење.
Ширењето на градовите е симптом на поделен,
нефункционален град. Со тоа се зголемуваат транспортните
трошоци, се зголемува потрошувачката на енергија,
потребни се сè повеќе ресурси, а се губи плодно земјиште
за урбани цели. Колку градовите се нееднакви, толку е
поголем ризикот од појава на социјални и политички тензии –
велат авторите на извештајот.
Во анкета спроведена за градовите во светот, Обединетите
нации утврдиле дека град со најмногу нееднаквости е
Јоханезбург, во Јужна Африка. Во градовите во Латинска
Америка, Азија и во Африка, генерално владее поголема
еднаквост, но главно поради тоа што таму владее
сиромаштија, со голем број крајно сиромашни картон-
маала без канализација и водоснабдување. Градови со
наједнакви услови за живеење се Дака и Читагонг во
Бангладеш.
Во САД, градовите се одликуваат со нееднакви услови за
живеење, а тука предничат Њујорк, Чикаго и Вашингтон.
Маргинализацијата и сегрегацијата на одредени групи
создаваат град во градот. Најбогатите, 1 отсто од
домаќинствата во САД, заработуваат 72 пати повеќе од
просечните сиромашни 20 проценти од домаќинствата – се
вели во извештајот.
Елена КУЗМАНОВСКА