Дизајнерското студио Nendo од Јапонија е добро познато на сите кои ги следат новитети од оваа креативна област. Секогаш се способни да нè изненадат на нов начин. Еден од најновите проекти што тие ги разработиле е создаден во соработка со кинескиот lifestyle бренд Zens, а се работи за минималистичка колекција на мебел и додатоци за дома.
Колекцијата е составена од голем број бели парчиња, со по некој црн сегмент, а дизајнерскиот тим изјавил дека тие имале за цел да направат одредени парчиња кои потсетуваат на кинески букви. Кога ќе се погледне колекцијата за првпат, нема да знаете што е нејзината цел, но тоа е само дел од нејзиниот шарм.
Треба да се забележи дека таквите радикално модерни и минималистички парчиња мебел совршено се вклопуваат во ваквиот растечки тренд во Јапонија, според кој во нивните домови има се помалку и помалку работи, а оние кои се купуваат мора да имаат јасно дефинирана цел.