Ова е доказ дека современата архитектура може да одлично да се вклопи во историските јадра на градовите и при тоа на посебен начин да ги оплемени.
Четири двокатни вили се изградени на најдобра локација во швајцарскиот град Луцерн: на парцела со поглед на езерото и планините. Објектите кои во целост го следат стрмниот терен, се ненаметливи во однос на околината, и на тој начин дополнително обезбедуваат приватност на сопствениците.
Архитектонското биро alp Architektur Lischer Partner ги дизајнира овие куќи како интерпретација на швајцарските вили, а тоа се манифестира преку нивниот елегантен облик. За да се потенцира нивниот софистициран стил, користен е природен камен за обложување.
Иако опкружени со историски градби, куќите не само дека не го смениле и загрозиле визуелниот идентитет на локалитетот, тука и го збогатиле!
Овие четири вили биле изградени во 2012 година и успешно го положиле тестот на времето.
Оваа фантастична мешавина од старо и ново може да им користи на архитектите како добар пример за тоа како се проектира во историските јадра на градовите.