Мексиканското крајбрежје од година во година станува се попопуларна туристичка дестинација, а со тоа зајакнува и понудата на хотелот. Со оглед на силната конкуренција, важно е за секој хотел да се истакне некако.
Одличен пример за такво размислување и бизнис е хотелот Mar Adentro, кој се наоѓа на брегот на Сан Хозе дел Кабо. Апсолутно сè во врска со овој хотел е сосема уникатно.
Проектот е потпишан од архитектонско студио Taller Aragonés, кое Мигел Ангел Арагонес го води со својот син Рафаел. Нивната визија за овој хотел била сосема јасна – мора да биде нешто поинакво, луксузно и впечатливо, како штп всушност и му личи на врвен ресорт.
Во својата работа се воделе од модернистичката естетика, а ентериерот и екстериерот во потполност се посветени на белата боја. Линиите се рамни и прецизни, вишок детали и орнаменти не постојат, а што е особено интересно е базенот околу хотелот и кој личи на волшебно огледало. Со други зборови, во овој хотел сè е направено за гостите да се чувствуваат смирувачки како никогаш да не престанува одморот.