Ова е новиот дом на милијардерот Пол Ален и коосновачот на Microsoft. Домот во вредност од 27 милиони долари, е луксуз кој многу малку од нас можат да си го дозволат. Но, се работи за американскиот деловен магнат, инвеститор и филантроп, и коосновач на Microsoft Corporation заедно со Бил Гејтс. На листата на американското списание „Форбс“, тој е на 53. место на најбогати луѓе во светот, со богатство што изнесува 15 милијарди долари. Стилот на уредување на новиот дом на Пол Ален е ненаметливо елегантен објект со базен што се протега зад куќата за релаксирање и одморање и со поглед на градина од работ на базенот од двете страни. Внатрешниот ентериер на куќата е огромен, но претставува едноставно уреден амбиент, кој не го одвлекува вниманието сосе големиот камин. Долгата маса на која може да се сместат десетина луѓе се користи за вечери, но и за состаноци. Спалната соба е раскошна со еден голем отворен камин и со поглед кон градината како главна фокусна точка. Постои и мала дневна соба во која се гледа телевизија, пред да се оди на спиење. Во делот каде се купатилото, џакузи и бања на пареа која служи за релаксација по долгиот работен ден, се наоѓа и долг стаклен ѕид, кој овозможува непречено влегување на сонцето. Дневната соба е удобна и со соодветна и лежерно уредена трпезарија во сама близина. Куќата располага и со издвоен салон со „затскриена“ бања, која исто така, има прекрасен поглед на градината.