Насловна / Вести / Нема воз за Солун

Нема воз за Солун

Од први октомври е укинат меѓународниот патнички воз на релација Белград – Солун – Белград.
И поктрај изјавите на министерот за транспорт и врски Сугаревски дека се ќе се направи што е во наша моќ: „Оваа линија е од огромно значење за Република Македонија. Ќе направиме се што е во наша моќ, некако да го надминеме проблемот. Но, не зависи од нас. Одговорот е дека линијата не е економски исплатлива“, возот е укинат, очигледно напорите не дале резултат.
Од страна на „Србија воз“ уште во јануари оваа година Македонски железници (МЖ) се информирани дека во согласност со грчкиот TRAINOSE, донеле одлука за укинување на поменатата линија поради економска неисплатливост. На таа одлука на двете железнички управи, МЖ Транспорт како транзитна железничка управа има право само на приговор.
До Солун од Скопје сега единствено вози автобуска линија на „Македонија сообраќај“, кој ги редуцираше авобусите на еден дневно.

st1

Испрати коментар

Scroll To Top