Туркменистанскиот претседател Бердимухамедов изјави дека ќе стави крај на неограниченото снабдување на граѓаните со бесплатен гас во централноазиската држава, која е богата со енергетски ресурси. Туркменистан се наоѓа на четвртото место во светот според резервите на природен гас.
Снабдувањето на домаќинствата со гас, електрична енергија и вода е бесплатно од 1993 година. Кога во 2006 година стана претседател, Бердимухамедов вети дека ќе ја продолжи таа политика до 2030 година. Но, очигледно не останал доследен на своето ветување. Бердимухамедов во телевизиско обраќање изјави дека Владата очекува мерачите на потрошениот гас во домаќинствата да овозможат порационална потрошувачка на гасот.