Насловна / Вести / Нема повеќе лажење: Инстаграм ќе ја проценува возраста на корисниците со скенирање на лице

Нема повеќе лажење: Инстаграм ќе ја проценува возраста на корисниците со скенирање на лице

Апликацијата во сопственост на Мета Инстаграм, тестира три системи за верификација на возраста. Првиот вклучува видео селфи со софтвер за анализа на лице кој може да ја одреди возраста на корисникот, вториот начин е да се испрати лична карта на мрежата за да се потврди возраста и на крајот, корисниците можат да замолат тројца возрасни корисници, кои веќе имаат потврдено профили, да гарантираат за нив.

i1

Британската компанија „Yoti“ ќе биде задолжена за верификација на снимките и потврдување на годините, а снимката што корисникот ја испраќа на проверка ќе биде избришана од серверот на компанијата по потврдата.

„Yoti“ тврди дека нивните алгоритми се специјализирани само за проценка на возраста и не можат да ги идентификуваат или злоупотребат податоците на корисниците на било кој начин. Велат дека алгоритмот за верификација на години е обучен со фотографии на корисници ширум светот кои се согласиле нивните податоци да се користат за истражување.

Мета се надева дека новите методи за верификација на корисниците на Инстаграм ќе им овозможат „искуство прилагодено на возраста“.

i2

„Проценувањето на возраста на корисниците е предизвик за целата индустрија. Сакаме да работиме со други компании и владите ширум светот за да поставиме јасни стандарди за верификација на возраста на Инстаграм. Многу корисници, особено тинејџерите, немаат лична карта што би ја користеле за верификација. Затоа моравме да истражиме нови начини за верификација на нечија возраст“, ​​се вели во соопштението на компанијата.

Од Мета додадоа дека континуирано развиваат модел на вештачка интелигенција кој може да открие дали датумите на раѓање на профилите се вистинити. Софтверот скенира објави и препознава настани како родендени, за да може да ја идентификува возраста на корисникот. Но, исто така, ѝ помага на компанијата да ги држи тинејџерите подалеку од услугите за возрасни како што се Facebook Dating и Mentorship.

i3

Некои од овие безбедносни системи исто така им оневозможува на непознати и постари лица да контактираат малолетни корисници.

На корисниците, исто така, ќе им биде оневозможено да ја менуваат моменталната возраст на својот профил, освен ако не изберат еден од трите начини на за автентификација.

Тестовите за потврда на возраста за сега ги покриваат корисниците во САД.

Инстаграм првпат воведе проверка на возраста при регистрација во 2019 година. Во 2021 година воведоа задолжителното наведување на датумот на раѓање.

Испрати коментар

Scroll To Top