Од денес сите посетители во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ ќе плаќаат паркинг. Првиот час е бесплатен, а потоа секој следен час ќе се наплаќа по 40 денари.
Цената е нејасна, бидејќи пишува дека пет часа е еднакво на 40 денари, за потоа да пишува дека секој следен час е 40 денари.
Граѓаните се револтирани од новиот ценовник со оглед на тоа дека ниту сметката што ќе ја направат во трговскиот центар не им го покрива паркингот.