Насловна / Вести / Нема ништо спорно со Старото градско јадро на Охрид

Нема ништо спорно со Старото градско јадро на Охрид

rsz_Охрид_Македония_45
Нема ништо спорно со планот за Старото градско јадро на градот Охрид, изјави за македонските медиуми Тања Паскали – Бунташевска , директорка на Завод и Музеј –Охрид, а во врска со барањето на жителите од месната заедница „Стар град“. Тие побараа предлог планот за овој дел од градот да биде ставен на јавен увид.

Таа вели дека не постои законска обврска за планот да биде повторно ставен на увид пред граѓаните, нагласувајќи дека таа одлука ја имаат општинските власти.
-Заедно со планерите неколку пати го разгледавме целото јадро и беа разгледани сите објекти. Нацрт планот кој што беше изложен на јавен увид претрпе огромни промени, се она што сметавме дека треба да се отстрани беше отстрането и како таков Предлог планот ги доби потребните согласности за донесување на седница на Советот на општина Охрид, изјави Паскали – Бунташевска.

Испрати коментар

Scroll To Top