Познатиот британски дизајнер Thomash Heatherwick ги ревидира своите оригинални планови за мост во областа King’s Cross district во Лондон, според кои мостот требаше да биде изведен целосно во стакло. Оригиналниот дизајн од 2012 година е повлечен поради економската рецесија. Тој требаше да биде изведен од 1000 листови на 12 милиметарско стакло, структурално компресирани така што слоевитиот материјал би функционирал како конструктивна греда.
Според официјалното известување во британското списание на архитектите (Architects’ Journal), мостот нема да се изработи од стакло, но сè уште ќе служи како пешачка врска меќу каналот Regent’s Canal поврзувајќи го патот на робата до плоштадот каде се продава жито.
Во меѓувреме, Mостот – градина на Темза, исто така прокет на Heatherwick, е во исчекување на дозвола за градба, со јавно отворање закажано за 2018 година.