Место изградба на нов објект за конгресниот центар „Александар Македонски“ на местото на Универзална сала, ќе се реконструира веќе постојниот објект.

Како што денеска изјавија градоначалниикот на Скопје, Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, нема да се гради објектот, кој, според усвоениот проект, беше во форма на јајце, туку ќе се направи реконструкција и надградба на веќе постојниот објект, за што веќе било разговарано на седница на Влада.
– На ваков чекор се решиле, како што појасни, поради високата цена, 65 милиони евра, која била понудена од проектантската куќа. Реконструкцијата и надградбата на Универзалната сала ќе чинат 15 милиони евра, што е за четири пати поевтино од изградба на сосема нов објект – изјави Милевска.