Иако не се задржуваме долго во оваа просторија, сепак времето поминато во бањата треба да биде удобно. Без разлика дали го миеме лицето, се шминкаме или уживаме под тушот, убаво уредената бања може да ни пружи одлично чувство како да се наоѓаме во луксузен спа центар.
Оваа бања може да се окарактеризира како неконвенционална поради тоа што овој простор не е целосно затворен. До бањата се пристапува преку скали кои слегуваат од спалната соба.
Оваа бања е необична и по тоа што не се користи само како бања, туку и како простор за одмор и релаксација.
Целиот простор е уреден така што на корисникот би му овозможил целосно опуштање и уживање во вода.