Интердисциплинарен тим на научници од британскиот Универзитет „Линколн” и Универзитетот „Јорк” во Канада, истражувал како глобалниот тренд на урбанизација, придонесува за избивање на заразни болести од 80-тите години на минатиот век.
Студијата објавена во академското списание „Урбан стадис“ покажува дека урбаната експеанзија на периферијата на градовите, која во науката се нарекува и „проширена урбанизација“ во основа ги менува просторните односи кои го обликуваат начинот на кој живеат милиони луѓе и комуницираат едни со други, но и со природата. Тие процеси создаваат „нови еколошки ниши“ кои се погодни за ширење на заразни болести, предупредуваат истражувачите.
Динамиката на промената на населението, инфраструктурата и управувањто – три клучни проблеми
Брзата урбанизација, осебено во азиските и афричките земји во развој, создава постојани врски помеѓу урбаните и рурални средини. Приградските населби, дивите населби, бегалските кампови или работничките колонии во близини на рудници или фабрики, потенцијално, често се поголеми извори на заразни болести од самите градови.
Тоа особено се однесува токму на болести, кои преминуваат од животни на човек, бидејќи во такви подрачја луѓето и домашните животни се во поблизок контакт со дивите животни, што не се случува во градовите.
Приградските населби се често многу густо населени и немаат соодветна инфраструктура. Тие служат и како „канал“ меѓу градот и селото, правејќи ги општинските, регионалните, па дури и националните граници многу пропусни.
САРС и ебола се важни примери на епидемии кои настанале во тие предградија пред да се прошират во поголемите градови. Истражувачите тврдат дека вакви места воглавном се заборавени во академските студии, кои наместо тоа повеќе се фокусирани на проблемите во градовите.
Недостатокот на инфраструктура во дивите населби создава најголеми проблеми
Истражувачите поставиле три клучни димензии за разбирање на врската меѓу урбанизацијата и ризикот од заразни болести – динамиката на промена на населението, инфраструктурата и управувањето. Велат дека се потребни дополнителни интердисциплинарни истражувања на овие подрачја, особено сега кога светот се бори со пандемијата на коронавирусот.
Професорот Крејтон Коноли, географ од Универзитетот „Линколн” кој бил на чело на овој истражувачки проект, тврди дека економскиот раст, променливиот пазар на труд и локалните конфликти го придвижуваат ширењето на градовите и миграцијата од рурални во урбани средини во земјите во развој, и тоа се невидено темпо.
„Подобрената сообраќајна инфраструктура го скрати времето на патување помеѓу селските населби, предградијата и градовите од неколку дена на часови. Меѓутоа, инфраструктура од витално значење за добро јавно здравје, како здравствени клиники и чиста вода, често заостанува или дури изистанува“, додава Коноли.
Контролата и брзината на реагирање на избивање на болестите во предградијата и дивите населби околу градовите се многу послаби, бидејќи не се воспоставени адекватни надлежности, се заклучува во студијата.