Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Неколку совети за енергетски ефикасна кујна

Неколку совети за енергетски ефикасна кујна

supereffiziente_geraete_bsh_03
Дури и во кујната можете да заштедите значителни количини енергија и тоа со избор на енергетски ефикасни апарати како и со нивно адекватно поставување.

Потрошувачката на енергија во кујната може да биде значително намалена доколку се внимава на енергетската класа при купување на нови апарати за домаќинство. Така на пример, фрижидер со класа А+++ троши и до 50% помалку енергија во однос на А+, додека машините за миење садови А+++ трошат околу 20% помалку енергија од А+. Ако се пресметаат заштедите за периодот на експолатација од 10 години, тогаш се работи за заштеда од неколку стотини евра. Од друга страна пак, новите машини за миење садови трошат и значително помала количина на вода.

Што се однесува до правилното поставување на апаратите во кујната, разбирливо е дека ладилникот треба да биде поставен што подалеку од извори на топлина, а замрзнувачите во подрум, гаража или друга помошна просторија со ниски температури.

 

Испрати коментар

Scroll To Top