Во овој текст не станува збор за најголемите, најспектакуларните или најскапите мостови. Станува збор за мостови на различни географски подрачја кои имаат најмалку една заедничка карактеристика – спојуваат различни држави.
1. Ambassador Bridge – САД/Канада
Спојувајќи ги Детроит и Виндзор, Ambassador Bridge е всушност најфрекфентниот граничен премин во северна Америка. Пресметано е дека околу 27% од целокупната размена помеѓу двете држави с еодвива преку овој мост. Долг е 2300 метри и не е единствениот мост кој ги спојува САД и Канада.
2. Øresund Bridge – Данска/Шведска
Овој мост овозможува и патен и железнички сообраќај. Ги спојува Копенхаген и Малме. Има должина од 7845 метри и е најдолгиот комбиниран (патен и железнички) мост во Европа.
3. New Europe Bridge – Бугарија/Романија
Уште еден мост за комбиниран сообраќај (патен и железнички) кој минува преку реката Дунав. Ги поврзува Видин и Калафат. отворен е во 2013 година, и е втор мост кој ги поврзува двете земји преку Дунав. Има должина од 1971 метар.
4. Victoria Falls Bridge – Зимбабве/Замбија
Во близина на величествените Викториини водопади, овој мост е наменет за патен и железнички сообраќај, но и за пешаци. Ги поврзува Викториините водопади во Зимбабве со Ливингстон во Замбија. Има должина од 198 метри и височина од 128 метри над реката Замбези. Неговата изградба траела една година, а отворен е во 1905 година.
5. The Friendship Bridge – Таџикистан/Авганистан
Отворен во 2007 година, изградбата на овој мост е финасирана од страна на САД. Долг е 672 метри.
6. Guadiana International Bridge – Шпанија/Потругалија
Мостот е долг 666 метри и го поврзува автопатот А22 во Португалија со автопатот А-49 во Шпанија.