Насловна / Вести / Неколку германски лекции за биоенергетика на локално ниво

Неколку германски лекции за биоенергетика на локално ниво

Bioenergetsko selo Mauenhajm centrala

Откако  одлучи до 2022 година да ги затвори сите нуклеарни централи, Германија се фокусира на поинтензивно искористување на енергијата од сонцето, водата и ветерот, но и биомасата. Последнава опција е особено популарна на локално ниво. Само во последната деценија се основани 82 т.н. биоенергетски села. Една третина од нив се лоцирани во покраината Баден Виртемберг.

Bioenergetsko selo

Во биоенергетското село Ерзинген нема неискористен отпад од природата. Гранки, лисја, слама, се користи како гориво за да се произведе електрична и топлинска енергија. „Од ѓубрето од само една фарма со 250 крави, се произведува биогас доволен за генерирање на електрична енергија доволна за задоволување на годишните потреби на околу 700 домаќинства“, објаснува градоначалникот на ова село Удо Клајнер.

Bioenergetsko selo Emmingen_HeizhausВо принцип, секое село го користи за биогориво оној вид отпад кој највеќе го генерира. Но, освен претходно споменатите стандардни опции, има и некои необични примери. Биоенергетското село Зибенајх за производство на електрична и топлинска енергија користи и мискантус. Тоа е јапонска трска која еднаш се сади а се жнее дури 25 години. Притоа, земјиштето на кое се одгледува не е потребно дополнително да се третира.

Bioenergetsko selo Maunheim

Секое биоенергетско село во Германија, добива субвенции од државата во износ до 40% од инвестиционите трошоци.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top