Насловна / Арт и дизајн / Некои од најпознатите фиктивни светови претставени на малку поинаков начин

Некои од најпознатите фиктивни светови претставени на малку поинаков начин

За новиот свет на 3D, HD и 4K технологиите и CGI архитектурата во филомвите, телевизијската и гејминг индустријата изгледа се пореално, помоќно и поскапо. Меѓутоа, доколку од високобуџетните холивудски остварубања се исфрлат сите напредни специјални ефекти, архитектонските форми на овие фиктивни светови не би излгледале помалку импресивно. Зошто? Затоа што се во прашање навистина карактеристични објекти кои останале врежани во нашето паметење.

1
Како би ја прикажале нивната сирова убавина сајтот Angie’s List претставил серија скици Fictional Architecture која ја слави архитектурата на овие објекти во форма на илустрации.

2

Моливот и хартијата послужиле за да се претстават некои од незаборавните архитектонски дела од серијата „Игра на престоли“, филмовите за „Хари Потер“, остварувањата од универзумот на „Марвел“, но и популарните видео игри како што е Skyrim.

4
Со ислустрациите се претставени објекти кои се во нашето сеќавање како што е дворецот Winterfell или училиштето Hogvarts.
Некои од најпознатите фиктивни светови претставени се на малку поинаков начин – онака како што се слави убавината на архитектонскиот стил, формата, материјалноста и сенките.

3
Серијата на скици бележи фини детали кои можат да се видат во футуристичката архитектура на „Војна на ѕвездите“, како и епските тврдини во „Игра на престоли“.

5

Испрати коментар

Scroll To Top