Насловна / Вести / Некои од најинтересните закони во Европа: Знаете ли во која земја е задолжително садење на две дрвја за секое новороденче?

Некои од најинтересните закони во Европа: Знаете ли во која земја е задолжително садење на две дрвја за секое новороденче?

Порталот Brightside дава приказ на некои од најинтересните закони ширум Европа, кои Ви ги презентираме во продолжение, а некои од нив навистина би било добро да ги видиме и кај нас.

Португалија: Нема повици и мејлови надвор од работното време

Со цел да се придонес во балансот помеѓу приватниот живот и работата, Португалците минатата година донеле закон кој им забранува на шефовите да ги контактираат своите подредени надвор од работното време. Доколку навистина нешто „не гори“, надредените не смеат да испраќаат пораки, мејлови ниту да ги бараат на телефон своите вработени после работното време.

portugal

Норвешка: Инфлуенсерско разубавување на фотографии

Иако бизарен, и овој закон е исто така интересен. Имено, никој од нас не изгледа совршено, па многумина кога ќе ги видат фотографиите на инфлуенсерите помислуваат дека совршен изглед е можен, но се разбира сето тоа е резултат на интервенции и корекции во фотографиите. Норвешкиот закон бара од инфлуенсерите да користат ознака која покажува дека на одредена фотографија е интервенирано.

Norway

Базел, Швајцарија: Сите нови згради мора да имаат „зелени“ покриви

Базел е првиот град во светот кој има донесено закон според кој сите нови згради се обврзани да посадат зеленило на покривот. Тоа важи и за старите згради кои се предмет на детална реконструкција.

basel

Велс: Две нови стебла за секое новороденче

Во Велс за секое родено дете се засадуваат по две дрвја. Притоа, едното дрво се сади во Велс а другото во Уганда. Ова важи и при посвојување на деца.

wales

Франција: Забрана за кратки летови со авион

Законот се однесува единствено на оние летови каде истата рута може да се помине со воз за помалку од два и пол часа.

Plane landing in Paris Charles de Gaulle

Испрати коментар

Scroll To Top