Благодарение на целосната изолација во текот на Студената војна на „патеката на смртта“ помеѓу Источна и Западна Германија, денес е вистински споменик на природата наречен „зелен појас“.
Заедно со Германската Асоцијација за заштита на природата (BUND), Клаус Бухин бил меѓу првите кои открил дека во наведениот простор има вредно природно богатство, и предложил истото да биде ставено под заштита.
Насловен како „зелен појас“, т.н биотоп не се однесува само на некогашната граница меѓу двете Германии, туку на општата поделба помеѓу западниот свет и источноевропските социјалистички земји. „Зелениот појас“ е долг 6.800 километри, и се протега од Баренцово море до Црно море, и се состои од 150 природни паркови, 150 области на флора и фауна, три природни резервати и еден национален парк.