Сasa Gialla е проект за реновирање од студиото gon architects во Мадрид. Новиот стан од 46 квадратни метри некогаш бил темно поткровје во зграда во центарот на Puerta del Sol. Сега, овој стан со повеќе функции содржи скриени простори, многу простор за складирање, како и туш и када на отворено, и е оаза во срцето на градот.
Сопственичката на станот, жена од Италија, која го обожава дизајнот, технологијата и уживањето во животот, сакала само две работи во новиот дизајн на својот стан – тој морал да биде прагматичен и да и пружи уживање. За да ги исполнат нејзините желби, архитектите користеле преградни ѕидови и ги отстраниле дрвените греди за да прикажат отворен и прекрасно осветлен правоаголен простор.
Најинтересен елемент на главниот станбен простор е ѕид во сенф жолтиот боја, кој во себе крие полици и простор за складирање. На спротивниот ѕид се наоѓа минималистичка кујна, составена само од бели долни кабини и вградени апарати. Работната плоча на кујната се спушта од левата страна, преземајќи ја улогата на работна маса на домашна канцеларија. Исполнувајќи ги ѕидовите со потребните елементи, архитектите успеале да го ослободат неговиот централен дел за други неопходни работи, како што е мало катче за трпезарија.
Станот има тераса која е ориентирана кон југозапад, а содржи многу повеќе од простор за седење – тука своето место го наоѓаат туш на отворено и скриена када.
Зад жолтиот ѕид со мноштво полици и прегради се наоѓа премин кој води до спалната соба и бањата, а има и проектор, придружен со завеса која може да овозможи дополнителна приватност.
Двосед софата може да се поместува низ станот, создавајќи различни амбиенти, како што е пријатно катче за уживање во филмовите што се емитуваатпреку проекторот. Подвижната работна површина во преградата во кујната може да се спушти, за да се добие дополнителен простор за приготвување на разни гурмански јадења или може да игра улога на шанк.
Во затворениот дел од станот има уште еден ѕид со вградени елементи, кои меѓу другото вклучуваат и кревет кој се расклопува за гости.