Насловна / Вести / Некогаш одморалиште за холивудски ѕвезди, денес град на духови

Некогаш одморалиште за холивудски ѕвезди, денес град на духови

Varos Kipar

„Varoshа“ е туристичко предградие сместено на Кипар, и важи за едно од најатрактивните места на светот. Овој идиличен предел со години бил дестинација за одмор на богатите и славните, а познато е дека бил омилено место на глумиците Елизабет Тејлор и Брижит Бардо.

Varos KIpar2

Но, по 1974 година работите драстично се менуваат, откако местото го напуштиле 40.000 жители веднаш по турското заземање на тој дел од Кипар.

Varos Kipar3

Поради тензиите помеѓу грчкиот и турскиот дел на островот, на поранешните жители сега им е забранет пристапот во некогаш луксузното одморалиште, а оградата со која е заобиколено во еден дел навлегува дури и во морето.

Varos Kipar1

Денес, одморалиштето е прекриено со густа вегетација, но песочните плажи и кристално чистата вода изгледаат подеднакво привлечно како некогаш. „Varoshа“ денес потсетува на град на духови, а сите поранешни фасцинантни објекти полека се распаѓаат.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top