ГТЦ во Скопје ќе добиел зелен покрив, што било дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје. А градоначалникот на Скопје изјави: „ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив, кој сега е речиси неискористен, ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите“.
На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе биле засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе имало водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно ќе се надоместело загубеното зеленило во Малиот ринг.
Е сега, да се потсетиме дека никој не измислил топла вода кога одлучил на кровот на ГТЦ да има зеленило. До приватизацијата на објектот (кога беа парцелисани големите трговски единици и скапо продадени, а во сопственост на Јавното претпријатие АДСДП останаа пасажите и по некој локал со што претпријатието е и доминантен сопственик на објектот) на кровот на ГТЦ со години имаше оранжерии за цвеќиња на претпријатеието „Паркови и зеленило“ од Белград. Во медиумите се појавија лошо и наивно изработени 3Д рендери кои се недоречени.
Останува нејасно што се предвидува и зошто, зошто нема јавен конкурс, кому се наменети предвидените содржини кои во и оклу објектот ги има само треба да се доведат во добра состојба и одржуваат, кој ја составил програмата, кој го изработил проектот (ако воопшто и го има), што значат тие тежини и вода за постоечката конструкција. Во меѓувреме треба да се договориме сакаме ли, може ли ГТЦ да биде културно наследство. А најнејасно е зошто го гушкавме ГТЦ? Убаво звучи дека сме го спасиле ГТЦ, но секогаш ќе остане дилемата дали го спасивме ние или им снема време да го направат. За да нема забуна, дилемата дали ние го спасивме е поради се она што понатаму му се случува на градот и поради немање храброст да се постапува и одлучува по проектот Скопје 2014, за кој единствено и може да се решава радикално, а за волја на вистината потребни се смели одлуки веднаш. Кога ова ќе се случи ќе може да кажеме дека сме го спасиле, а дотогаш ќе се смета дека времето го спасило на кое и онака објектот останува препуштен.
ГТЦ го гушкавме за да остане автентичен и да се прогласи за културнои наследство, а тоа значи да се реставрира и да се остави на мира, да не му се прави на објектот ништо повеќе и ништо помалку. Гушкањето на ГТЦ воедно е и симбол на борбата против Скопје 2014. ГТЦ го гушкаа и деца и возрасни, некои го гушкаа затоа што гоа сакаат, некои ради имиџ, спомени, поради стручност и морал, а некои за политички поени.
А бидејќи се декларираме за што повеќе јавни содржини, рекреација и културно-забавен живот, зеленило, подобрување на квалитетот на воздухот во непосредна близина на ГТЦ, една улица ги дели, има локација на која се ова може да се предвиди.
Аматерски изработени рендери во Realtime Landscape Architect. Површина од 1800м2, а 30 растенија. Каква е таа компензација за исечените дрвја од Скопје2014. Буџет од 500.000 евра за монтажен кафич плочки и 30 растенија. Пак да го гушкате ГТЦ.
Na vas skopski pedercinja nemoze da vi se pogodi ama bash nisto. Sve vas nesto vi fali se ne vie dobro se nekoj vas ve samari. Mnogu ste prefingani, seljacista ste se sobrale od cela makedonija i vie ke opravate nekogo
Идеата за кровна градина е супер, ама да е направена како што треба.
Filip-e, kako prvo nemoj da se izrazuvas so takvi zborovi ne ti e ova tvoe rodno Sviripicino pa da zboris sto sakas na sred selo, odnesuvaj se kulturno od kade i da si.
Kako vtoro, ubavo ti vika Филип se e super ama realno neka napraat proekt kako sto treba i neka se budzetira kako treba i neka ne bide socijalen proekt nego mesto kafic ako treba neka staat 1030 drva.. toa e investicija vo sebe za sekogas….. a za kafic i nemora… moze i klupi pa od dolnite kafici neka sluzat ne bitno e
Filipce,suv si bratce,a?
A ke predvidite moznost za parkiranje na dzipovite? Nekoj kran, helikopter nesto, da gi kaci bar na terasava? Inace mangupite nema da sakaat da sednat vo kaficot 🙂