Еднокатната структура е една од 60те објекти исцртани од Американскиот архитект Frank Lloyd Wright како дел од серијата „Узонијан домови“ – тип на резиденции чиј израз е ослободен од секаков тип на орнаментација, со намера да преставуваат репрезент на националниот стил, истовремено задржувајќи ги потребните стандарди за секое американско просечно семејство.
Реализацијата е изведена на кампусот “Florida Southern College”, која сама по себе претставува проект од Frank Lloyd Wright и во моментов се истакнува помеѓу светската колекција на самостоечки структури од неговите реализирани објекти. Оригинално, американскиот архитект дизајнирал 18 објекти за колеџот, меѓутоа само 12 биле конструирани за време на неговото творење, така што овој ново изведен проект го дефинира бројот 13.
Наместо да се користи за домување, објектот дефинира сегмент од центарот за едукација и туризам “Sharp Family” – галерија и центар за посетители во чии простори се организирани постојни и привремени изложбени поставки од животот и работата на архитектот.