Насловна / Градежништво / Скопје добива луксузни мини-градови

Скопје добива луксузни мини-градови

skopje_luksuzni_mini_gradovi_thumb.jpgАктуелна е изградбата на модерни станбени комплекси
кои наликуваат на град во град. Освен централното градско
подрачје градилишта се отворија и во Ќерамидница,
Ново Лисиче, Карпош 3, Аеродром, каде се градат објекти
кои исполнуваат високи стандарди во градежништвото
и кои на станарите ќе им ги нудат сите удобности.

Трендот за изградба на нови
станбени објекти досега
беше видно забележан
во централното градско
подрачје. На удар најмногу
беа Дебар маало, Центар, Карпош,
Тафталиџе, па дури и влезот на
Кисела Вода. Станбени згради од
по четири или пет ката никнуваа
на местото на секоја шупа или
барака. Зградите во различна боја,
модерна фасада, доближени една
до друга и со „ѕиркачки“ ефекти
во комшиските спални соби сега
се обележје на градот. И таман
се мислеше дека народот веќе се
задоволи од купувањето на станови,
настана нов градежен станбен бум
во Скопје. Животот во куќа која
има убаво уреден двор, со голем
тревник остана лезет само за оние
вистинските љубители на живот во
индивидуално домување. Останатите
сакаат да уживаат во домувањето
во станови. И токму тука се отвори
пазарот и потребата од уште и
уште станови. Освен централното
градско подрачје актуелни станаа и
Ќерамидница, Ново Лисиче, Карпош
3, Аеродром. skopje_luksuzni_mini_gradovi_1.jpgСето она земјиште
што досега беше засадено со некои
градинарски култури или, пак,
беше депонија, сега е градилиште.
Трендот да се гради една зграда
измина. Сега е актуелна изградбата
на модерни станбени комплекси
кои наликуваат на град во град.
Но, не само тоа и не само тука се
гради. Убавините на Водно полека
ги снемува. Ако до пред неколку
години Основното училиште „Кочо
Рацин“ беше еден од поголемите
објекти во подножјето на Водно,
сега веќе е меѓу најмалите. Тој сѐ
уште е во подножјето, но сега веќе
не на планината туку на повеќе
станбени комплекси кои и натаму се
шират како ластик. Ексклузивитетот
што го имаше животот на Водно
веќе го нема. Сега таму ќе станува
борба за паркинг-плац повеќе,
а и убавата глетка е нарушена.
Погледот сега е насочен во градот
што се гради како лего коцки.
Масовната изградба на станбени
комплекси од страна на приватни
инвеститори и фирми ја смени
ситуацијата и во поглед на цената
на становите. Во модерен и објект
изграден со висококвалитетни
материјали цената на квадратен
метар е пониска или, пак, иста како
и во објект стар 20-ина години.
Цената на станбениот квадрат во
централното градско подрачје
изнесува од 900 до 1.100 евра, а во
пооддалечените, но поатрактивни
населби од 750 до 850 евра. Оваа
цена за квадрат воопшто не е
причина да се презасити пазарот,
барем во текот на оваа година.
Приватните фирми велат дека
се задоволни од тоа како оди
продажбата на становите, а како
причина за тоа го наведуваат
токму квалитетот на животот
што го нудат нивните објекти.
Последниве месеци особено
се актуелни изградбите на
станбени комплекси во Горно
Лисиче и во Ќерамидница.
skopje_luksuzni_mini_gradovi_2.jpg

Во населбата Горно Лисиче веќе
се градат осум станбени објекти.
Станува збор за локација на која
во деталниот урбанистички план
општина Аеродром предвиде
изградба на 14 станбени објекти
со вкупна површина од над 22
илјади квадратни метри. Но, засега
само четири инвеститори ги градат
своите објекти. Фирмите „Настел“,
„Диас констракшн“, „Глиц“ и
„Адора“ ќе изградат 412 станбени
единици и 14 деловни простори.
Марјан Наков од фирмата „Настел“
вели дека се компанија која сама
се финансира и нивните четири
објекти ќе бидат изградени без
разлика на тоа дали становите
се продадени или не.

„Нашата фирма четирите свои објекти до 31 октомври годинава
ќе ги изгради до фазата клуч на
рака без разлика дали становите
ќе се продадат или не. Но, мора
да признаам дека досега има
голем интерес и добар дел од
становите се продадени. За сето
тоа придонесува квалитетот на
градбата што го нудиме. За првпат
во овој дел од градот се градат вака
луксузни станови кои се продаваат
по не многу висока цена од 945
евра за квадрат. Тоа е цена која
може да си ја дозволат и оние луѓе
што немаат многу пари, како и тие
поимотните. Во нашите четири
згради може да се најдат станови
од 41,5 квадратни метри, па сѐ до
77 квадрати на приземје“, вели
Наков. Според него овој тренд на
изградба на многу станбени објекти
ќе трае најмногу до крајот на оваа
година. Потоа, пазарот ќе се засити,
ќе има многу станови за продажба
и ќе треба да помине време додека
повторно да се јави потребата.
И изградбата на луксузниот
станбено-деловен центар „Космос“
е во полн ек. Сместен покрај реката
Вардар, во населбата Ќерамидница,
комплексот е предвидено да биде
како град во град. Големата зграда-
седумнаесеткатница од комплексот,
ќе биде поделена на пет ламели,
а ќе има повеќе посебни влезови.
Ќе има и помала зграда, која ќе
биде поставена полукружно. Двете
згради заедно ќе имаат околу 560
стана. Поголемата зграда зафаќа
бруто-површина од околу 80.000, а
помалата околу 40.000 квадратни
метри. Изградбата на комплексот
ќе чини околу 30 милиони евра.
„Постои навистина голем интерес за
купување станови во „Космос“. Тоа
причинува големо задоволство затоа
што целиот објект се гради по многу
високи стандарди, со квалитетни
материјали и добро е што купувачите
тоа го ценат и покажуваат интерес
за живот во ваков мини град.

Целиот комплекс ќе биде готов
до крајот на идната година“, вели
Ивана Јаневска од фирмата „Фине“
која е инвеститор во „Космос“.
Во долниот дел од големата
зграда на „Космос“ ќе има деловни
простории и шопинг-центар, а на
последниот кат ќе има луксузен
ресторан, кој ќе ротира и ќе биде
со површина од 1.500 до 2.000
квадратни метри. Од него ќе може
да се гледа целата панорама на
Скопје. Во средишниот дел на овој
последен кат ќе бидат сместени
и фитнес-центар, базен и сауна
за рекреација на станарите, а
ќе има и детска градинка. Меѓу двете згради, кои ќе бидат
оддалечени 120 метри, ќе има
парк и шеталиште. Паркирањето
е решено со две подземни гаражи
од по два ката под подрумите на
зградите, а странично од комплексот
е предвидена и гаража на два ката
со околу 562 паркинг-плацови,
така што ќе бидат задоволени
потребите на станарите.
skopje_luksuzni_mini_gradovi_3.jpg

Иако големи комплекси, во овие
два нема големи висококатници.
Но, за градот да не остане покус
од таквото задоволство се најде
градител заинтересиран да го
направи аеродромскиот „Менхетн“,
како што се нарекува предвидениот
комплекс од три облакодери покрај
булеварот Србија во општината
Аеродром. Турскиот холдинг
„Џевахир“, преку својата локална
фирма „Турк мак“ доби градежна
парцела од 21.150 квадратни метри,
со површина за градење од 14.873
квадрати. Трите висококатници, кои
не смеат да бидат пониски од 33
ката, а чија максимална предвидена
висина изнесува импресивни 500
метри или 126 ката, ќе се наоѓаат
на празното место меѓу касарната
„Гоце Делчев“ и бензинската пумпа
„Макоил“, покрај булеварот Србија.
Градителот сам треба да реши на
колку ката ќе ги направи зградите,
во рамките на предвидените
димензии, но ќе треба внатре во
нив да обезбеди 3.167 паркинг-
плацови за идните станари.
Општина Аеродром, како најмлада
во градот, по се изгледа е и
најатрактивна за инвеститорите.
И фирмата „Адора инженеринг“
инвестира, проектира, изведува и
вселува по принцип имотен лист
со клуч на рака два нови станбено
деловни објекти во Аеродром-
Ново Лисиче. Двата објекта ќе
имаат вкупно 5.300 квадратни
метри станбен простор, 2.026
квадрати паркинг. Овие станбено-
деловни објекти се очекува да
бидат пуштени во употреба во
2012 година. Претставуваат
модерни зданја кои ќе ги подигнат
стандардите во градежништвото
на повисоко ниво за колективно
современо домување. Околу
објектите ќе има широк зелен појас
до булеварот АСНОМ, зградите се
со висока сеизмичност на градба,
применети се високи стандарди за
енергетска ефикасност и квалитет
на вградените материјали.
Освен приватни фирми во општина
Аеродром гради и Јавното
претпријатие за стопанисување
со станбен и деловен простор.
На булеварот Трета македонска
бригада ЈПССДП гради објект
со вкупно 152 стана.

Големи станбени згради е
предвидено да се градат и
на другиот крај од градот,
во населбата Тафталиџе.
На местото на поранешната
фабрика „Алумина“ треба да никнат
ексклузивни трговски центри,
киносали, галерии, станбени
згради, со максимална висина до 30
метри. Исто така, станбено-деловни
комплекси ќе имаат и словенечки
„Меркатор“ и „Импекс-Л“, која ќе
вложи во зграда на местото на
бараките на „Гранит“ во Карпош 4.
Атрактивни станови се градат и
на падините на Водно. „Соравиа
Ресорт“ нуди осум вили, секоја од
нив со четири до осум станови. Во
коплексот спаѓа и една поголема
мултифункционална зграда, каде
што има ексклузивни апартмани.
Во комплексот е предвидено да
има и ресторан, базен, сауна и
продавници. Објектите имаат
сопствен систем за греење и
ладење со геотермални пумпи
и колектори за сонце како и
централно регулирана топла
вода. Ваквиот систем е практичен,
еколошки и економски исплатлив.
Големината на становите се
движи од 75 до 190 квадрати,
вклучувајќи ги двојните апартмани
на два ката. Поголемиот дел од
апартманите имаат величествен
поглед на Скопје и кон Водно.

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top