Пет градежни парцели за изградба на винарии во катастарска општина Курија преку оглас нуди општина Неготино, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.
– Објавивме оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 23 март. Се работи за парцели вон населено место, со намена за лесна индустрија, согласно урбанистичкиот план усвоен од општинскиот совет, соопштија од општината.
Парцелите се со различна површина, од 1.490 до 7.020 квадратни метри, со почетна цена од 61 денар за квадратен метар.