Насловна / Вести / Негативните цени на електричната енергија откриваат дека пазарот е неподготвен да го искористи потенцијалот на обновливите извори

Негативните цени на електричната енергија откриваат дека пазарот е неподготвен да го искористи потенцијалот на обновливите извори

Производителите на електрична енергија на берзите ширум Европа, минатиот викенд нудеа и до 500 евра по MWh, само за некој да ја превземен нивната енергија. Овие рекордни негативни цени – ситуација во која производителите нудат пари на потрошувачите да ја преземат енергијата, се одраз на динамичните промени кои обновливите извори на енергија ги донесоа на пазарот на електрична енергија и воедно сигнал дека европските земји се неподготвени да го искористат полниот потенцијал кои го пружаат обновливите извори.  За да се промени оваа состојба, стручњаците велат дека се неопходни флексибилни модели на потрошувачка и капацитети за складирање на енергија. Иако берзите на Западен Балкан немаат опција за негативни цени, тоа е реално во иднина да се случи, односно истите решенија ќе бидат потребни и во овој дел од Европа.

negativeproces1

Миха Прегл, директорот за европските пазари на електрична енергија во Енергетската асоцијација на САД  (United States Energy Association – USEA), вели дека негативните цени се реткост, а посебно достигнувањето на прагот од 500 евра.  „Со оглед дека станува збор за исклучителен настан, би требало да се почека берзите да ја анализираат ситуацијата и да дадат извештај. Но, се чини дека големото производство од обновливи извори, посебно од соларната енергија, имала големо влијание во комбинација со пониската потрошувачка во текот на викендот“, рекол Прегл.

negatveprices2

Инаку, Европската унија минатата година инсталирала соларни електрани со моќност од 41,4 GW. Но, нема доволно батерии за складирање, како и реверзибилни хидроцентрали, односно негативните цени се јасен сигнал за недоволниот број на вакви капацитети.

Испрати коментар

Scroll To Top