Изминатите дваесет години, со развојот на станбената структура во Англија и Велс, значително се десеткуваше пристапот на заедницата до јавните зелени површини. Ова го констатираше новиот извештај од Фондацијата New Economics (NEF), кој ги обелодени податоците за развојот на домувањето, обезбедувањето јавен зелен простор и јавната перцепција за зелената површина во нивната непосредна близина.
Извештајот, исто така укажува на некои воочливи разлики во пристапноста и квалитетот на обезбедувањето зелени површини во зависност од хронологијата на изградба на домувањето во различни плански опфати – и, како што истакнуваат авторите, законите за планирање во тоа време што го регулирале нивниот дизајн.
Податоците покажуваат дека генерално, колку повеќе зборуваме за новогенерирано урбано јадро во кое доминира домувањето како основна класа на намена, толку е помала вкупната количина зелена површина во радиус од 1 км. Најновата генерација на станови, изградени помеѓу 2009 и 2021 година, има дури до 40% помалку локален зелен простор одошто оние станбените објекти главно изградени помеѓу крајот на деветнаесетиот и почетокот на дваесеттиот век.
Затоа, не изненадува фактот дека всушност, луѓето кои живеат по 2000 година имаат значително помала потреба да ги посетуваат парковите во нивното место на живеење. Корисниците се повеќе, се соочуваат со поограничен пристап до приватна градина или помалку „се чувствуваат како дел од природата“, како резултат на новата генерација на населби со значително помал процент на зелени површини, што следствено придонесува за континуираниот пад на постојниот јавен зелен фонд.
Пристапот до природата е прашање на еднаквост
Зошто е ова важно? Сега постојат значителни докази кои укажуваат на важноста на зелениот простор за човековото здравје и благосостојба. Психолошките студии сугерираат дека ако редовно поминуваме време во природа, поголема е веројатноста за позитивно расположение и сознание, помала анксиозност, поголема креативност, свесност и социјална поврзаност. Овие придобивки се поголеми доколку сме во допир со природата и одвоиме време да ја забележиме нашата околина.
Следи дека со трендот на намалување на секојдневниот контакт со природата, се потенцираат ризиците по физичкото и менталното здравје на илјадници луѓе, можеби милиони од нас.
Ова е причината зошто пристап до природата полека, но сигурно станува прашање за еднаквост и правда, а не луксуз, при што истражувањата ги истакнуваат постојните нееднаквости во пристапот до зелените површини на различни категории на корисници, а невладините организации да се борат пристапот до природата во градските ткива, да се воспостави како законско право.
Добро за луѓето, добро за животната средина
Општо земено, колку е повисок степенот на чувството за поврзаност со природата, толку е поизразена грижата за животната средина. Сепак, овој феномен се рефлектира низ широк опсег на субјективни и јавни практики. Контактот со природата и поврзаноста со природата не се сосема исти работи, но тие имаат тенденција меѓусебно да се надополнуваат – колку повеќе време поминуваме во природата, толку повеќе се чувствуваме поврзани со неа и обратно.
Широко распространетото намалување на локалните зелени површини го намалува пристапот на луѓето до природата, што значително го минимизира нивното чувство за припадност кон природата, а тоа пак има реперкусии постепенот на посветеност за нејзина заштита.
Достапноста на јавните зелени површини до зоните за домување, сепак е условена од добро имплементирани јавни практики, планирање и зголемени инвестиции во инфраструктурата. Фондацијата New Economics (NEF), нагласува дека се повеќе е потребна синергија помеѓу планерите, јавните институции, корисниците и останатите чинители во креирање на урбаните политики при обезбедување на механизмите за одржливост како суштинска компонента во справување со кризата за јавното здравјето и благосостојба во градските ткива.