Веќе безброј пати имаме слушнато за примери на уметници од разни области, кои објаснуваат како недопрениот спокој на природата ги има инспирирано.
Биографското сценарио на Murray Fredericks, познатиот австралиски фотограф, е со слична траекторија. Тој, имено, го посети познатото австралиско езеро Eyre во 2001 година и таму доживеал посебно искуство.
Кога се нашол пред огромното пространство на езерото, тој сфатил дека тука навистина може да ужива во моментот, и тоа за кратко без размислување за секојдневните грижи и стресот кој во денешната ера тешко може да се избегне.
Тој одлучил на езерото да му се враќа еднаш годишно, а езерото станало негов ултимативен почетен мотив. Така, во неговиот последен фотографски проект наречен „Суета“, тој на недопреното езеро поставил огледало, кое го одразувало небото и заедно со езерото реализирал прекрасни сцени на природата.
Според фотографот, огледалото што го покажува небото (наместо езерото) треба да ја симболизира нашата суета и да не охрабри да погледнеме околу себе, и таму да најдеме убавина или среќа.