Во организација на Центарот за енергетска ефикасност – МАЦЕФ, на 30 септември 2014 година во Град Скопје (Свечена сала), од 10 до 14 часот ќе се одржи конференцијата „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка”, како дел од традиционалната манифестација „Недела на енергетика Македонија 2014“.
Цел на настанот е споделување на позитивни искуства од меѓународна соработка кои вродиле со плод, а се од значење за граѓаните и заедницата. Дотолку повеќе, одржувањето на конференцијата ќе ги сплоти стекнатите искуства и показните примери од успешни практики, со цел продлабочување на соработката во меѓународни проекти од областа на животната средина и ефикасното искористување на ресурсите.
На конференцијата со свои дискусии ќе учествуваат Саше Паневски (МАЦЕФ), Александар Дуковски (Агенција за енергетика на Република Македонија), Жарко Илиевски (МАЦЕФ), Лилјана Алчева (Хабитат Македонија), Благоја Блажев, Небојша Мојсоски (УСАИД), Ристо Иванов (КРЕАЦИЈА)…
Програмата на конференцијата според организаторите треба да понуди и да поттикне размислувања во насока на нови идеи преку успешни меѓународни проекти во полето на заштита на животната средина и меѓусебно вмрежување за искористување на успешните резултати.