Од 25-ти септември до 4-ти октомври во Виена ќе се одржи „Виенска недела на дизајн“ (Vienna Design Week).
Оваа година има во понудата презентации, филмови, изложби, инсталации, разговори во целиот град. Главните случувања ќе бидат во виенската општина Фаворитен каде се наоѓа и централата на фестивалот.
Во средиштето на случувањата е Vienna Art Week што претставува експериментална и разиграна соработка на одбрани дизајнери од државата и странство со виенски продавници или традиционални работилници. Целта е одново да се открие и оживее локалното производство.