Една од најзначајните жени во архитектурата на нашето време е родена на 31 октомври 1950 година во Багдад под името Заха Хадид, што на арапски значи славна. Меѓутоа, таа не се стекнала со слава лесно. Во текот на целиот свој живот одбивала да ги гледа работите на обичен начин, а честопати нејзините проекти ги карактеризирале како невозможни за градење, па дури и луди. Сепак, таа се борела со отфрлањето на нејзините проекти дури 17 години, за да успее да го промени светот на архитектурата и како таква засекогаш ќе остане запаметена во историјата.
Животот на Заха започнува во Багдад, каде како дете пораснала во богато ирачко семејство и нема класичната приказна за детството во сиромаштијата. Заха прво се одлучила да студира математика, која ја студирала на Американскиот универзитет во Бејрут. Меѓутоа, со текот на времето, сфатила дека повеќе сака облици отколку броеви и се насочила кон архитектурата.
Во 1972. година се сели во Лондон, студира архитектура на Architectural Association School of Architecture. Во Лондон се запозна со холандскиот архитект Рем Колхас, кој го препознал нејзиниот талент, а наскоро станал и нејзин ментор. По завршувањето на студиите, Заха добива покана од Колхас да работи во неговото биро во Ротердам, која таа ја прифаќа. После три години соработка, Заха сфаќа дека е подготвена да стане независна и повторно се врќа во Лондон.
Архитектура на хартија
Заха дури 17 години се борела со постојано отфрлање на нејзините идеи и е наречена „архитект на хартија“. И покрај неверојатниот број презентирани идеи, не е забележан ниту еден објект изграден според нејзин проект пред 90-тите години.
Нејзините проекти победувале на бројни меѓународни конкурси, но останувале само на хартија, затоа што се верувало дека е невозможно да се изградат презентираните објекти.
Сè што можела Заха да направи во тој момент било да продолжи да работи и да се надева дека архитектурата наскоро ќе направи чекор напред. Во тек на 1982 година, се чинело дека среќата ја погледнала, одобрен е за изградба спортски клуб во планините на Хонг Конг. Сепак, една година подоцна, инвеститорот ја откажал изградбата.
Првите реализирани објекти
Со парите што ги заработила победувајќи на конкурси, Заха одлучила да отвори сопствена фирма, која, 30 години подоцна, навистина станува империја. Таа не се откажала, и благодарение на својот силен карактер, таа продолжила да ги создава своите „луди“ проекти и на 44-годишна возраст доживеала нејзината прва зграда да биде изградена. Тоа била пожарна станица инвестирана од производителот на мебел Vitra. Истата година 1994. изградена е IBA куќата. Локалната феминистичка заедница, која се борела за присуство на жени во модерната германска архитектура, исто така има удел во успехот на овој проект.
противпожарна станиц
IBA куќата, Берлин
Заха била голем љубител на работата на Казимир Малевич и руската авангардна уметност генерално, а во нејзините рани дела може да се види поврзаност со рускиот конструктивизам. Сепак, во нејзината подоцнежна работа, Заха е позната по авангардните и футуристички стилови.
Награди и обвинувања
Конкретен интерес за нејзината работа се појавил откако таа учествуваше во изградбата на Центарот за современа уметност во Синсинати, кој е првиот музеј проектиран од жена во САД. Својот прв вистински триумф Заха го остварува во 2004 година со својот Aquatics Centre во Лондон, добивајќи ја наградата Прицкер, попознат како Оскар за архитектура. Заха е првата жена во историјата која ја освоила оваа престижна награда. Од тој момент Заха станува еден од најпопуларните и најмодерните архитекти во светот. Сепак, сè уште има критичари кои велат дека е премногу фокусирана на самоизразувањето наместо на функционалноста на објектите. Меѓутоа, никој не е рамнодушен на нејзиниот стил, кој стана еден од најпознатите во светот.
Aquatics Centre во Лондон
Кралица на заоблената форма
Славниот Гардијан ја нарекува „кралица на заоблени форми“ која успеала да се ослободи од архитектонската геометрија. Имено, компанијата на Заха беше една од првите што започна да користи параметарски пристап во проектирањето, што овозможи обработка на голема количина податоци за да се овозможи формирање на сложени структури. Покрај тоа, Заха користела и композитна пластика, што и овозможило да проектира и да гради невозможни форми. Продолжила да го негира рационализмот и своите креации ги заснивала исклучиво на имагинацијата.
Hotel City of Dreams, Макао
Скапи проекти и светската криза
Од година во година, проектите на Заха стануваат сè поскапи и поневеројатни. Во раните и во средината на 2000-тите, Заха успеала своите амбициони идеи да ги спроведе во дело. Нејзините згради се повеќе се споредуваат со уметнички дела и вселенски објекти, затоа што се толку необични за окото на гледачот.
Heydar Aliyev во Баку
Се разбира, секој нејзин проект станува се поскап, па така зградата Dongdaemun Design Plaza во Сеул и центарот Heydar Aliyev во Баку чинеа на стотици милиони долари. Во исто време, светот западна во економската криза 2008 година и трошењето толку многу пари за изградба стана сè понеприфатливо. Сепак, во Кина и на Блискиот исток и понатаму е сè уште се под контрола и тие можат да си дозволат проекти на Заха.
Последните години од животот под превезот на критики
За жал, последните години од животот на Заха беа засенети од непријатни ситуации во неколку земји. За време на изградба на стадион во Катар, според нејзин проект, настрадаа неколку градежници. Со оглед на тоа дека станува збор за добро познато име во светот на архитектурата, овој инцидент предизвикува многубројни појавувања на нејзиното име во медиумите во негативен контекст, иако проектот за објектот не беше оној што беше опасен за луѓето.
Други, пак, се насочија на формата, велејќи дека таа е екстравагантна и личи на женски полов орган.
Олимпискиот стадион во Токио
Друг проблем се појави за време на изградбата на Олимпискиот стадион во Токио, поради тврдењата дека проектот е прескап, а јапонскиот печат го спореди објектот со морска желка што ќе ја однесе Јапонија на дното на океанот. Заха Хадид тогаш коментираше дека Јапонците не сакаат странци да работат во нивната земја.
Проектите продолжуваат да живеат
Заха за жал почина на 65-годишна возраст од срцев удар на клиниката во Мајами, каде што беше лекувана од бронхитис. Еден од последните проекти што ги изведе беше куќа во Њујорк.
Changsha Meixihu
Бидејќи архитектурата била единствена љубов на Заха, нејзините проекти биле нејзиното семејство. Патрик Шумахер, партнер во фирмата со кој Заха работела 28 години, ги разбира добро нејзините идеи и принципи, па така Zaha Hadid Architect продолжува да работи по смртта на Заха.
Бирото во моментов работи на повеќе од 30 недовршените дела на Заха. Неодамна е изграден Меѓународниот центар за култура и уметност Changsha Meixihu, како и неверојатниот аеродром Daxing во Пекинг, кој е најголемиот меѓународен аеродром на светот.
аеродром Daxing во Пекинг
Наскоро се планира и отворање на метрото во престолнината на Саудиска Арабија, чива главна станица ја проектирала Заха.
Многу проекти на славната Заха Хадид се уште чекаат реализација, што ни создава чувство дека таа е сè уште со нас.
метрото во престолнината на Саудиска Арабија
Извор: Градња