Насловна / Вести / Не успеа референдумот во Валандово

Не успеа референдумот во Валандово

Како што информира претседателот на општинската изборна комисија Илчо Танчев за МТВ, на 24-те гласачки места излегле 4.680 граѓани или 46,11 проценти, што е недоволно за да биде исполнет законскиот цензус 50 насто плус еден. Право на глас имаа 10.141 граѓанин.kazandol

Според првичните и неофицијални резултатати, референдумот во Валандово против отворање рудници и стопирање на изградбата на комплексот Казандол не успеа.

Танчев рече дека засега нема забелешки до избирачките одбори за текот на гласањето. Од иницијативата „Спас за Валандово“, пак, тврдат дека констатирале низа притисоци и уцени врз граѓаните да не излегуваат на референдумско изјаснување.

На претходните референдуми, жителите на Гевгелија, Богданци и Дојран рекоа не за продолжување на работата на „Казандол“ и за отворање нови рудници.

Испрати коментар

Scroll To Top