Насловна / Вести / Не само Јапонците, и мароканските навивачи ги чистат стадионите

Не само Јапонците, и мароканските навивачи ги чистат стадионите

Јапонските навивачи заслужија пофалби во Катар за традицијата за која до неодамна се чинеше дека е единствено јапонска – чистење на стадионот по заминувањето на останатите навивачи.

j3

Штом стадионот почнува да се празни, можеше да се видат навивачите на Јапонија како вадат сини кеси за ѓубре за еднократна употреба и почнауваат да собираат отпадоци од трибините.

j1

Иако глетката на навивачи кои остануваат да чистат за многумина може да биде изненадување, за Јапонците тоа не е невообичаено.

Јапонските навивачи веќе некое време ги чистат стадионите. Дури и пораз на нивната репрезентација не ги одвраќа од оваа важна задача. Тие и кога се разочарани, тоа не ги спречува да ги извадат кесите за ѓубре.

j2

Велат дека се свесни дека луѓето обрнуваат внимание на нивната традиција, но истакнуваат дека тоа не го прават за публицитет. „Чистотата и уредноста нам во Јапонија ни се како религија и ние тоа го цениме“, велат.

m3

Но не се само јапонските навивачи оние кои чистат на стдионите. На Мундијалот во Катар можеаа да се видат и мароканските навивачи како ги чистат трибините. Тие остануваат по натпреварот на трибините за да исчистат се позади себе. „Висок морал, тоа е нашиот морал и тоа се нашите вредности. Да ги сочуваме каде и да сме“, велат Марокнците.

м1

м2

Испрати коментар

Scroll To Top