Темата на овогодинешното одбележување на Денот на планетата Земја е „Да си ја вратиме нашата планета Земја“ #RestoreOurEarth. И уште повеќе секој ден да го направиме да биде Ден на планетата Земја.
По тој повод Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со партнерите организира низа настани.
Денес, во соработка со Министерството за образование и наука, а со поддршка на амбасадата на САД во нашата држава, ќе се рестартира GLOBE програмата за животна средина и едукација и ќе се одржи онлајн обука за наставници. Како предавачи ќе се вклучат и претставници од хрватското GLOBE, а како учесници ќе присуствуваат и претставници од словенското и од црногорското GLOBE.
Во соработка со Светскиот фонд за природа организиран е онлајн настан “Пост Ковид обнова во заштитените подрачја” за изнаоѓање на решенија и насоки за надминување на бројните предизвици кои произлегоа од пандемијата;
Во соработка со УНДП се одржуваат три онлајн настани наречени #ВозможноЕ, на кој ќе се водат реални дискусии за реални решенија за амбициозни климатски акции. Тоа е тридневен настан посветен на справувањето со климатските промени, проектираните национални придонеси кон постигнување на глобалните цели и мобилизирање на сите национални ресурси во спроведување на амбизциозни климатски акции со цел да си ја вратиме нашата Планета.
Исто така, вчера имаше дијалог на високо ниво за Ревидираните национали придонеси кон климатските промени и претстојниот COP 26, онлајн дискусија со учество на амбасадорите на САД, Обединетото кралство и Италија и министерот за животна средина и просторно планирње Насер Нуредини, вицепремиерот Фатмир Битиќи, и министерот за економија Крешник Бектеши.
Да си ја вратиме нашата Планета #RestoreOurEarth и секој ден нека и биде посветен на неа.