Oд 27 април до 7 мај 2016 година, во галерија „Остен“ ќе може да се види одличната изложба на младата српска уметница од Белград, Тијана Којиќ со наслов „(Не) Осветлени соби“.
За оваа прилика се подготвени околу 40 дела изведени со интересна синтеза на различни техничко-технолошки можности. Авторката комбинирала графички, цртачки и сликарски постапки на алуминиумски плочи со различни формати.
Отворањето на изложбата ќе биде утре, 27 април, во 12 часот во галерија „Остен“ (влез од „Максим Горки“)