Насловна / Екологија / Не е сеедно дали живеете во улица со дрворед или не

Не е сеедно дали живеете во улица со дрворед или не

London zelenilo

Најновото британско истражување открива позитивен ефект на зеленилото и врз нашето ментално здравје. Кога нè мачат црни мисли, зелените крошни на дрвјата пружаат утеха и олеснување, тврдат научниците. Студијата објавена во списанието  Landscape and Urban Planning, покажува дека жителите на Лондон кои живеат во улица со дрворед конзумираат значително помалку антидепресиви во споредба со оние што се опкружени со бетон и асфалт.

London Lincoln Street Trees
„Веќе е докажано дека присуството на зелени површини позитивно влијае врз нашето расположение. Според тоа, сосема е логично дека има ефект и врз употребата на антидепресиви“, изјави д-р Филип Род за сајтот Атлантико.

Освен тоа, улиците со густо зеленило се попријатни за живот, поттикнуваат занимавање со физичка активност и го јакнат чувството за заедништво.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top