Министрите за енергетика на 28-те земји членки на ЕУ, на 12 декември не постигнаа договор за ограничување на користењето на биогоривата во сообраќајот, кои се добиваат од земјоделски култури наменети за производство на храна. Комесарот за енергетика Гинтер Етингер, кажа дека доцнењето во донесувањето на оваа одлука ќе ѝ нанесе голема штета на Европската Унија, а особено ќе има негативно влијание врз животната средина.
Извор: Euractiv