Насловна / Вести / Средба на двата лака

Средба на двата лака

Image

МОНТАЖА НА ЧЕЛИЧНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА МОРАЧА

На градилиштето на пешачкиот мост на Морача во Подгорица, моментно се монтира челичната конструкција со помошните елементи, од островот направен во коритото на реката.

Како што може да се види од фотографијата на фоторепортерот на “Побједа“ С. Беговиќ, веќе се наѕираат контурите на идниот мост, кој е подарок од градот Москва, а двата лака се сретнаа и само треба да се “гушнат“ и да го премостат брегот.

Монтажата на мостот вреден 966.938,23 евра, ја извршува белградската фирма “Инетрмост“ која е ангажирана како подизведувач. По ова следи бетонирање на пешачката патека и уредување на брегот на Морача. Изведувач на мостот е даниловградската “Градња промет“, која ги направи подготвителните работи рускиот мост во вредност од 1.191.556, 52 евра. Договорената вредност на сите работи е околу 2,6 милиони евра.

 

(„Побједа“)
Објавено во број 91.

Испрати коментар

Scroll To Top