На островот Закинтос, во увалата Navagio е сместена една од најубавите плажи на Грција, но и на светот. Станува збор за песочната плажа Navagio, која ја красат спектакуларни бели брегови и кристално синото Јонско море. Специфичната локација на северозападниот дел на островот ја крие плажата од љубопитните погледи, што придонесува за нејзината популарност. Покрај тоа, до неа може да се стигне само со брод, што и дава доза на мистерија и ексклузивитет. Главна атракција на оваа плажа се остатоците од бродот Panaqgiotis, кој тука се насукал во октомври 1980 година поради големо невреме. Иако постоеле гласини дека тој брод криумчарел цигари и алкохол (од подрачјето на поранешна Југославија), тоа никогаш не било докажано. И покрај тоа, Navagio често ја нарекуваат и увала на криумчарите.