“До 2050 година, бројот на луѓе кои имаат проблем со несоница ќе биде удвоен“, е заклучокот од истражувањето кое ја открива поврзаноста помеѓу климатските промени и зачестените појави на несоница. Научниците ги испитувале официјалните податоци објавени од Владата на САд за периодот од 2002 до 2011 година, и кои опфаќаат 750.000 луѓе, како и детални податоци з авременската состојба во истиот период.
Тимот открил дека порастот на температурите на воздухот во текот на ноќта од само еден степен над месечниот просек предизвикува три ноќи неадекватен сон за истиот тој месец. Моделот покажува дека во случај просечната температура да продолжи да се покачува за дополнителен еден степен, што е очекувано сценарио со оглед на глобалното затоплување, до 2050 година само во САД би имало 110 милиони случаи на несоница.
Притоа, лицата кои заработуваат помалку од 50.000 УСД годишно се трипати поподложни на нарушувања на сонот отколку богатите. Недостатокот на сон влијае на имунолошкиот систем, како и врз појавата на кардиоваскуларни болести, дијабетес и депресија.