Насловна / Вести / Научно истражување: Утврдена точна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот и дијабетесот

Научно истражување: Утврдена точна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот и дијабетесот

Една од најновите истражувачки студиии од областа на загадувањето на воздухот и ефектите врз човековото здравје, утврдила дека околу 3,2 милиони случаи на дијабетес ширум светот се предизвикани токму од загадениот воздух. Студијата е изработена од страна на Washington University School of Medicine од Сент Луис, во соработка со Veterans Affairs (VA) St. Louis Health Care System.

pollution_diabetes

Заклучоците и наодите од студијата реферираат на уште еден сериозен аспект во однос на една од најбрзорастечките болести во светски рамки. Над 420 милиони луѓе во светот страдаат од дијабетес, од кои само во САД околу 30 милиони. Извештајот од студијата може да се најде во последното издание на списанието The Lancet Planetary Health.
Со години наназад постоеле многу истражувања кои идентификувале поврзаност меѓу загадувањето и дијабетесот, но ова е прва студија која успешно ја квантифицирала таа поврзаност меѓу овие два глобални проблеми.

polution_diabetes2

Испрати коментар

Scroll To Top