Насловна / Вести / Научно – фантастични елементи во кафуле во Индонезија

Научно – фантастични елементи во кафуле во Индонезија

За да го направат постпандемичното секојдневие поубаво, дизајнерите на ентериер се натпреваруваат да најдат поинтересна палета на бои, форми и материјали.

„Conteur Interior“ и студиото „Avare Design“ имаат создадено импресивен објект наречен кафе бар „ET tea bar“, кој го крие стилот на Мелбурн и зрачи со многу опуштена атмосфера. Во него, акцентот е ставен на космичките и разиграни бои.

kafule

Идентификувајќи се како „среќно место“, овој кафе бар им овозможува на посетителите пријатно искуство за време на нивниот престој, оставајќи силен впечаток за секого поединечно. Приказната за доаѓањето на вонземјани на Земјата бил како инспирација за создавањето на ова необично кафуле. „ET tea bar“ е замислен како уникатно скривалиште за вонземјани, каде луѓето се добредојдени.

kafule1

Просторот е дизајниран со фокус на полуфутуристички стил, со разиграни вибрации во воздухот, ефект на Color Block и неонско осветлување. Ѕидните облоги и нагласени холографски налепници стануваат главниот дизајн елемент што се користи на секој чекор. Неонското осветлување на влезот го подобрува впечатокот за вонземски ефект. Приказната за вонземјаните продолжува додека се чекори понатаму низ овој необичен објект. „Базата за вонземјани“ е украсена со растенија што тие „лично“ ги собрале за време на престојот на Земјата и ги поставиле на пиедесталот.

kafule2

Концептот е засилен со презентирање на елементи од поп-културата и создавање на неколку дизајнерски ликови како вонземјанин и астронаут. Дизајнерите ја согледале пандемијата „Ковид 19“ како клучен фактор и решиле да користат локални материјали, како и услуги на занаетчии од областа, со цел да ги ублажат ограничувањата во транспортот.

kafule3

kafule4

Испрати коментар

Scroll To Top