Руските научници забележале нов температурен рекорд на станицата „Восток“ на централниот Антарктик, откако во вторникот температурата се покачила на -34,2 степени Целзиусови. Во извештајот се истакнува дека тоа е максималната температурна вредност за зимскиот период (на јужната хемисфера) во историјата на следење на температурите.
Јули и август на централниот Антарктик се најстудените месеци во годината. Просечната долгорочна температура на „Восток“ во јули е – 66,6 степени Целзиусови, а во август – 67,6 под нулата. Станицата „Восток“ е единствената руска станица на Антарктикот која работи во текот на целата година, а во јули 1983 година таму е забележана најниската температура на Планетата – 89,2 степени Целзиусови.