Научниците предвидуваат сериозно намалување на копнените акумулации на вода во наредните 70 години, што ќе биде проследено со глобална експанзија на сушно земјиште, објави Кинеската академија на науки (CAS). Намалувањето на складирањето на вода, со кое доминираат варијабилноста на врнежите и евапотранспирацијата, би можело да достигне од 41 до 84% до 2100 година, покажува најновата студија објавена во магазинот „Наука за климата и атмосферата“.
Со цел да го оркријат влијанието на копненото складирање на вода, врз растот на сушната вегетација, истражувачкиот тим од Институтот во склоп на CAS, изработи студија базирана на сателитските снимки.Уочиле вкупно зголемување на растот на вегетацијата ширум сушните подрачја во светот во периодот од 1982 до 2016 година, во текои на кој е намалено складирањето на копнена вода во тие региони. Наодите покажуваат негативна корелација помеѓу тие два индикатори, посебно во областите во кои доминира земјоделско земјиште. Со помош на симулации и машинско учење, тимот од истражувачи предвидел дека сушните подрачја во светот би можеле да се прошират во опсегот од 4,1 до 10,6% до 2100 година, со големо намалување на складирањето на копнена вода. Студијата ја истакнува потребата од усогласено планирање за урамнотежена еколошка обнова, управување со земјоделството и со користењето на водните ресурси.