„Планетата Земја се повеќе е изложена на вештачка светлина, а тој феномен е засилен со употребата на новите технoлогии, како на пример ЛЕД светилките“ се истакнува во истражувањето кое го третира токму „светлосното загадување“ и неговите ефекти врз здравјето на луѓето, животните и воопшто влијанието врз живиот свет. Осветлувањето на планетата е зголемено и во квантитет и во интензитет за 2% на годишно ниво во периодот од 2012 до 2016, стои во истражувањето објавено во научниот часопис Science Advances.
Научниците предупредуваат дека светлината во текот на ноќта може да го поремети биоритамот, односно сонот кај луѓето, а со тоа се зголемува опасноста од депресија, дијабетес и рак. Осветлувањето, исто така негативно влијае и врз животните, додека кај растенијата може да го спречи периодот на мирување кој е неопходен за презимување и повторно цветање во пролет.