Насловна / Вести / Научниците предупредуваат: Црното Море станува опасно!

Научниците предупредуваат: Црното Море станува опасно!

Crno more bura2

Во последните неколку години, Црното Море станува опасно. Руски научници од Институтот за океанологија истакнаа дека бурите во морето драматично се зголемуваат. За да го направат овој заклучок, стручњаците го набљудувале однесувањето на водните маси во текот на 37 години, соопштува kr.ru.

Crno more bura

Научниците спроведоа анализа на податоците добиени од движењата на морето од 1979 година до сега, и утврдиле дека во последните 25 години во просек бурите на Црното Море се зголемени за 10-15 %. Исто така, експертите докажале дека висината на брановите на Црното Море значително е зголемена. При бура тие достигнуваат до рекордни 20 метри.

Crno more

Според нив, не во толку далечна иднина ќе треба да се зајакнуваат бреговите на Црното Море. Веќе е докажано дека дури и брановите при бури со умерен интензитет можат да нанесат значителна штета на бреговите и инфраструктурата.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top