Случајното откривање на живот на карпата под антарктичкиот мраз Филхнер-Рона го менува разбирањето за тоа како организмите можат да живеат во средини далеку од сончева светлина, наведуваат британски биолози.
Тие дупчеле дупка во плочата Филнер-Роне со дебелина од 900 метри и вметнале камера низ дупката во потрага по кал на дното. На нивно изненадување, тие откриле карпа полна со животни.
Видеото покажува 16 сунѓери и 22 неидентификувани животни. Ова е првпат да се открие ваква животна форма под мразот на Антарктикот.
“Постојат секакви причини зошто тие да не бидат тука“, вели британскиот биолог Ху Грифитс, кој ги анализирал снимките. Тој верува дека животните, кои веројатно се хранат со филтрација, преживуваат со хранливите материи што ги наоѓаат во водата на минус два степени Целзиусови.
Она што е чудно е што тие се далеку од каков било извор на хранливи материи, имајќи предвид дека карпата е далеку од отворена вода, каде можат да живеат организмите кои вршат фотосинтеза.
Покрај тоа, храната за сунѓери најверојатно доаѓа од уште подалечни извори. Со оглед на она што го знаеме за океанските струи во областа, најблискиот извор на директна сончева енергија е оддалечен 600 километри, пренесува РТС.